Биткоин, Litecoin и Етереум сега и на WhatsApp

Корисниците на големата платформа за инстант пораки WhatsApp, сега можат да испраќаат и примаат Биткоин (BTC), Litecoin (LTC) и Eтереум (ETH), преку оваа програма со користење на бот Lite.IM, развиен од Швајцарскиот блокчејн стартап Zulu Republic, беше објавено од компанијата во неделата.

Корисниците на смартфони треба да додадат Lite.Im WhatsApp бот, по што тие само треба да ги следат сетот на инструкции за пренесување на саканите монети. Корисниците можат да ги контролираат опциите, да одберат јазик (сега само англиски или шпански), да постават лозинка и да постават стандардна монета помеѓу четири опции: BTC, LTC, ЕТH, и токенот на стартапот, Zulu Republic Token (ZTX). Исто така, луѓето можат да заработат криптовалути преку програма која ќе ги насочи како да го направат тоа.

Lite.IM веќе нуди услуги за Facebook Messenger, Telegram и редовни СМС-пораки. Всушност, Zulu Republic прво ја претстави својата Litecoin платформа Lite.im во август 2018-та година преку која “со едноставна Telegram или СМС порака, корисниците на Lite.IM можат да комуницираат со Litecoin блокчејнот, испраќајќи и примајќи средства од било каде во светот каде што може да се најде мобилен сигнал”, според нивниот блог пост. Во јануари 2019-та година, компанијата објави дека платформата сега овозможува купување дигитални токени директно во Facebook Messenger, Telegram или преку СМС со кредитна или дебитна картичка.

Ова дојде откако Facebook, компанијата која исто така го поседува WhatsApp, работи на сопствена дигитална монета.

Како што беше соопштено во март, независниот стартап Wuabit, со седиште во Шпанија, исто така има за цел да им помогне на WhatsApp корисниците да испраќаат и примаат криптовалути едноставно преку разговор со AI. Компанијата планира да отвори ограничен јавен beta во април, но од тогаш немаше апдејти за напредокот.

Во меѓувреме, загриженоста околу безбедноста е зголемена бидејќи WhatsApp, кој има 1,6 милијарди корисници, беше, наводно, хакиран пред неколку дена, како што беше објавено на Financial Times. Според нивниот извештај од 14-ти мај, апликацијата за испраќање пораки била хакирана од шпионски софтвер наречен Pegasus, наводно развиен од Израелска сајбер-разузнавачка компанија NSO, во обид да се здобијат со информации од телефон на адвокат за човекови права со седиште во Велика Британија. Откако ќе влезе во уредот, шпионскиот софтвер може да пристапи до податоците на корисникот и чувствителните информации, вклучувајќи повици, текстови и фотографии, како и микрофон и камера. Facebook беше критикуван поради нивната бавна реакција на овој хакерски напад, недостаток на транспарентност и непријавувањето на истото на корисниците веднаш штом се открило. Компанијата објави кратка безбедносна порака и им даде изјави на одредени медиуми во кои го потврдуваат инцидентот и бараат од корисниците да го апдејтираат WhatsApp.

Leave a comment