Биткоин (Bitcoin) викенд анализа 19.08

Здраво дечки,

Биткоин-ов навистина не полудува сите. Во услови кога нема волумен и кога тргувањето најчесто е од ботови, навистина е тешко да се предосети насоката на движење. Но, како и што напоменавме во анализата од пред 2 недели, никогаш не треба да слепо да веруваме на една насока.

Доколку ја видите претходната анализа (линк), ќе видите дека очекувавме движење на биткоинот кон 6.800 USD долари, но сепак подршката на тоа ниво се покажа како недоволна и биткоинот загуби на вредност за дополнителни 12-15%.

Ни сегашната состојба не е најсјајна. Сеуште не постојат доволно индикатори дека биткоинот ќе порасне во вредност, туку, напротив, би можеле да очекуваме повторно тестирање на нивото од 6.000 USD долари.

Од друга страна, нивото на т.н. shorts позиции (заземање позиција на продавање во очекување на пад) наспроти т.н. longs (заземање на куповна позиција во очекување на раст на цената) е навистина доста големо. Ова може да биде индикатор (но без други индикатори недоволен) да очекуваме дека во блиска иднина (7-10 дена) цената на биткоин би пораснала. За да очекуваме раст кај криптовалутите, биткоинот ќе мора да ја помине критичната вредност од 6.800 USD долари.

Биткоин chart 1-дневен

Биткоин chart 4-часовен

Leave a comment