Биткоин ќе гo “надмине” рекордот на својата највисока цена до крајот на 2019-та година, вели извршниот директор на Quoine

Извршниот директор на Јапонската fintech фирма и оператор на крипто берза Quoine, изјави дека е убеден дека Биткоин (BTC) ќе ја “надмине” својата највисока вредност на цена до крајот на 2019-та година, за време на интервјуто со Bloomberg Markets: Asia, 4-ти декември.

Говорејќи за време на последиците од падот на цените во индустријата, Мајк Кајамори изјави дека очекува нови крипто расположенија и динамика на пазарот по новата година, истакнувајќи дека “во блиска иднина нема ништо ново, никаков катализатор” за да би се намалиле цените.

Главниот извршен директор изјави дека, додека многумина го нарекоа “техничко дно” тие 4.000 долари за Биткоин оваа зима, најважната монета не успеа да го задржи своето високо место на неодамнешната продажба. Тој додаде, “кога ќе ги погледнете историските патерни и на каде што тргнале работите, мислам дека дното е близу”.

Тој ја потврди својата анализа, истакнувајќи го притисокот врз фармачите на биткоин, од кои многумина работат шаблонски бидејќи цените на активата ги намалуваат профитите. Кајамори забележал:

“Ако има доволно фармачи на кои им пропаѓа бизнисот, тоа [значи] дека ќе има рамнотежа. Кога ќе погледнете како отскокнуваат пазарите нагоре и надолу, веројатно може да се каже дека е всушност поблизу до дното.”

Кајамори тврдеше дека Јапонските регулатори сега почнуваат повторно да се отвораат за да ги одобрат новите крипто берзи и токен листите по кражбата од 534 милиони долари во крипто во јануари од Јапонската берза Coincheck.

Покрај тоа, поголемиот дел од домашните берзи доаѓаат блиску до исполнување на условите на налози за подобрување на бизнисот, кои беа издадени од Јапонската Агенција за финансиски услуги (FSA), за да ја исчистат индустријата по последиците од хакерскиот напад на Coincheck.

Со подобри практики за управување, усогласување, сегрегација на средства, побезбедно cold wallet storage – како и зголемено учество од ветеранитена финансиската индустрија – Јапонската крипто сцена е во период на “консолидација”, изјави тој.

Истакнувајќи дека Јапонија е “прва глобална економска централа” за регулирање на крипто, Кајамори укажа на пионерското внимание на земјата кон најновиот модел на прибирање на финансиски средства во индустријата, наследник на ICO: Понуди за безбедносни токени, или STO’s.

Дополнително, FSA, наводно, работи на прописите на ICO за заштита на инвеститорите од измама. И, како што објавија деновиве, Jапонската влада, наводно, во моментов бара начини да се спречи даночно затајување на добивката од крипто трансакциите.

Leave a comment