Биткоин цената достигна 12800 долари, еден од главните инвеститори вели дека ќе достигне 100к до 2021

Биткоин цената продолжува со својот bullish раст денес на 9-ти јули, по цели 24 часа подем на пазарот до речиси 13000 американски долари.

Податоците од Coin360 насликаа розова слика за крипто трговците, при што биткоин е сè уште лидер во однос на дневните добивки.

Од прес-време, BTC / USD беше во пораст 11% наспроти понеделникот кога тргуваше на 12666 долари. Парот достигнал до 12707 долари пред малку да се повлече под бариерата од 12700 долари.

7 дневната цена на Биткоин

Овие свежи потези  ги поништија теориите дека биткоин се движи кон надолна линија која се појави претходно во текот на оваа недела. Како што објавија крипто медиумите, ветеранскиот трговец Питер Бранд ги предводеше предупредувањата, тврдејќи дека BTC би можел да отфрли до 80% од неговите добивки.

Оттогаш, биткоин се искачи за 1200 долари повеќе, додека други извори се подготвуваат за продолжување на неговата параболична активност пред да се постави “вистински” пресврт.

“Мислам дека сме во следниот параболичен потег”, изјави Марк Јуско, основач и извршен директор на Morgan Creek Capital Management, за CNBC како што биткоин стигна на 12250 долари.

“Тоа веројатно ќе нè одведе на 30000 долари пред да добиеме уште една мала корекција … патот до 100000 долари до 2021 година е навистина лесно да се изоди”.

Неделните добивки на Биткоин сега се над 30%, додека месечните резултати достигнаа 60%.

Ентузијазмот околу биткоин дури почна да се шири и на долго-дефлацираните пазари на altcoins во вторникот, при што некои токени од првите 20 криптовалути се зголемија за 5%.

Етереум (ЕТH) достигна 317 долари за да ја запечати поддршката над 300 долари по претходното намалување кога цената на биткоин растеше.

7 дневната цена на Етереум

Другите поминаа помалку добро, со chainlink (LINK) кој падна за 7,4% и Unus sed leo (LEO) на берзата Bitfinex, што падна за 6,2% во истиот период.

Трон (TRX) беше намален за скоро 3 отсто откако излезе веста дека има полициското присуство во канцелариите на компанијата во Пекинг, поради изреволтираните корисниците пред зградата кои тврдеа дека извршниот директор Џастин Сун е вмешан во мултимилионска измама.

Leave a comment