Биткоин техничка анализа 08.27.2019

Здраво дечки, после долго ветување и расипан ССД се вратив на тргување и добрите вести на Бинанс дека Македонија се враќа во белата листа на земји заедно со Бурма и Србија :).

Но да не идеме на сентиментални вести, нас не интересира каде иде цената на биткоин.

Цената на БТЦ во моментов е 10100-10200. Имаме симетричен триаголник кој е неутрално техничко тело и не знаеме правец се додека немаме брејкоут на цената од една или друга страна.

Во случај цената да затвори под 9600 поголема е шансата да видиме цена на 8000-8400 него 12200. Затоа на сликата подоле убаво е објаснето за таргети и каде може цената да иде ако имаме брејк на ова техничко тело. Ако ви се допадна анализата можете да ме следите на мојата фб група.

Leave a comment