Биткоин под 10000 долари, долу 26.6% за 7 дена: Што го предизвикало опаѓањето?

Од 10-ти јули цената на Биткоин (BTC) падна од 13200 долари на 9482 долари, со големите крипто берзи, вклучувајќи ја и Coinbase, која забележа пад од 26,6% во период од седум дена. Неодамнешното опаѓање на Биткоин се верува дека е технички фактор што го поттикнаа продавачите кои ја презедоа контролата врз пазарот откако доминантната криптовалута падна под клучните нивоа на поддршка од 11000 долари и 10700 долари.

Алекс Кругер, аналитичар за глобални пазари, навести дека критиката кон Биткоин од страна на претседателот на САД Доналд Трамп и секретарот за финансии Стив Мнучин може да придонесе за падот:

“Кога владата на САД директно го напаѓа биткоин, велејќи дека е експлоатиран за поддршка на милијарди долари за недозволена активност, заснована на празен воздух и како тие се загрижени за неговата шпекулативна природа, веројатно е добро време за опаѓање. За жал, повеќето американски политичари, се убедени дека крипто е простор во кој се перат пари и се тргува со дрога. Ова треба да се промени. Се обложувам дека луѓето го користат Paypal или Venmo повеќе од биткоин да платат за нелегални активности. Исто така се обложувам дека повеќето криминалци дури и не знаат што е Monero, но сепак сите слушнале за доларот. За жал, перцепцијата ги надминува фактите.”

Промената на мислењата околу крипто пазарот по забелешките на претседателот Трамп и секретарот Мнучин, како и bearish техничките показатели, се сметаат за главни фактори за последната промена на цената на Биткоин.

Како пазарите ќе продолжат да реагираат?

Говорејќи за крипто медиумите, крипто трговецот и технички аналитичар познат на заедницата како Satoshi Flipper, изјави дека и покрај нестабилноста на цената на Биткоин и другите големи крипто средства, постојат многу основни катализатори кои Биткоин треба да ги набљудува.

Во пресрет на преполовувањето на блок наградата која треба да се случи во мај 2020-та година, многу фармачи, наводно, имаат намера да го задржат Биткоин, очекувајќи блок наградата да се преполови за да наметне позитивен ефект врз медиумот и долгорочниот тренд на средството.

Во преполовувањето на блок наградата, се активира механизам на Биткоин блокчејн протоколот приближно на секои четири години, и наградата која фармачите ја добиваат во Биткоин за фармањето блокови за блокчејн мрежата е намалена за половина. Следствено, стапката по која се фармаат нови биткоини опаѓа, што предизвикува циркулирачкото снабдување на ова средство и темпото со кое се испраќа на берзите, да се намали. Satoshi Flipper продолжи да објаснува:

“Моментално постојат многу биткоин катализатори. Премногу на листа. Но, овој пат, Вол Стрит и зрелите институционални играчи се многу повеќе вклучени во трговијата и градењето на производите околу Биткоин за усвојување. Секаде каде што гледате, може да се види како расте влијанието на криптовалутите. Сите индустрии се замешуваат. Очекувам овој голем притисок за усвојување да се забрза уште повеќе за време на овој тековен bull пазар. До точка каде што за неколку години, ќе го видиме влијанието на Биткоин и крипто во секојдневниот живот”.

Падот на цената на Биткоин од околу 10500 долари на помалку од 9500 долари за неколку минути наиде на шок за многу инвеститори и трговци – не поради опсегот, туку поради брзината на падот. На краток рок, трговците очекуваат Биткоин да ја одржи својата нестабилност и се бори да се врати над клучните нивоа на отпор. Петар Бранд, најпродаваниот автор и високо ценетиот трговец, на Twitter изјави дека вкупната пазарна цена на Биткоин би можела да се поправи за 80% врз основа на техничките показатели:

Дали е Libra фактор?

Во текот на изминатите неколку дена, Libra, криптовалутата создадена од страна на Libra Association, конзорциум со седиште во Швајцарија, покренат од Facebook, се соочи со жестоки критики од владата на САД. Претставникот од американскиот Дом Кевин Макарти, кој јавно изрази оптимизам кон Биткоин поради својата децентрализирана природа, сподели загриженост во врска со Libra:

“Кога сум на Facebook, јас не сум клиент, јас сум производ. Facebook е бесплатен бидејќи тие ги продаваат вашите податоци за да заработат пари. Сега тие сакаат да навлезат во бизнисот, и тие не се Биткоин. Тие не се децентрализирани. Сакам да видам децентрализација затоа што Libra ме загрижува дека ќе го контролира пазарот”.

Leave a comment