Биткоин опадна за 1400 долари по падот на големата крипто берза Coinbase

Цената на биткоин падна за 1400 долари за неколку минути по падот на платформата за крипто тргување Coinbase базирана во САД.

Coinbase најпрвин објави дека истражувал проблем во кој нејзиниот API и веб-сајт не функционирале правилно во 01:47 часот. Повеќе информации за ова на нејзиниот веб-сајт.

Според дневниот графикон за цената на биткоин на Coin360, цената на биткоин и цената на пазарите почнаа да опаѓаат околу 1:25 часот, само неколку минути пред првата најава на Coinbase.

Дневата цена на Биткоин

Од 02:13  Coinbase објавија дека го идентификувале проблемот и дека спроведуваат поправка. Од 02:38 часот изутрина беше пријавено дека проблемот е решен.

Денешниот пад следи по деградирачки  извештај за перформансите на 25-ти јуни и уште еден инцидент со паѓање на платформата на 24-ти јуни, од кои два беа решени во рок од еден час од пријавувањето.

Несреќата доаѓа по вчерашниот подем на цената на биткоин која ја надмина границата над 12000 и 13000 долари за неколку часа.

Биткоин во моментов тргува со 11480 долари со опаѓање од -7.21% според CoinMarketCap.

Leave a comment