Биткоин надминa еден милион дневни активни адреси

Биткоин (BTC) надмина еден милион дневни активни адреси на 14-ти јуни, според веб-страницата за блокчејни статистики CoinMetrics.

Twitter корисникот Кевин Рук го посочи сегашниот број на дневни активни on-chain адреси на 15-ти јуни, што резултираше со мешани реакции од заедницата. На пример, еден корисник исто така на  Twitter напиша дека “користејќи го и тргувајќи со него се две различни работи”.

Друг корисник го препишал тековниот број на on-chain трансакции на тие што ги мешаат валутите, но не забележал дека дури и ако зголемувањето на употребата на миксери е причина за зголемувањето на бројот на активни адреси, сепак ќе значи дека се повеќе луѓе користат биткоин. Некои риплаеви на твитот тврдат дека биткоин само подготвува плодна почва за криптовалутата и блокчејнот на Facebook. Еден корисник напиша:

“Ние само го загреваме столчето за Libra.”

Друг корисник ја наведе загриженоста дека усвојувањето на биткоин всушност се намалува, како што објавија крипто медиумите во август минатата година:

“Да, се користи толку многу што усвојувањето од страна на трговците е … намалено”.

Како што објавија медиумите неделава, JPMorgan Chase смета дека биткоин индустријата значително се променила од 2017-та година, наведувајќи го зголемувањето на институционалниот интерес и големиот обем на биткоин трансакциите на фјучерси.

Минатата недела, официјалниот Twitter акаунт на Coinbase Custody, фирма за крипто сопственост, чија цел беа институциите, откри дека поседува 1,3 милијарди долари од средствата кои се чуваат и наскоро очекува да достигне 2 милијарди AUC.

Leave a comment