Биткоин може да го револуционализира владеењето, вели Cypherpunk Џејмсон Лоп

Џејмсон Лоп – крипто индустриска фигура и самопрогласен професионален cypherpunk – го опиша Биткоин (BTC) како прв чекор во пошироката транзиција кон анархо-капиталистичко општество. Коментарите на Лоп беа изјавени во интервјуто за Stephan Livera Podcast, објавен на 29-ти декември.

Според Лоп, Биткоин е експеримент кој – ако е успешен – може да ја направи транзицијата кон анархо-капиталистичко општество можна:

“Верувам дека Биткоин е многу интересен експеримент кој, ако е успешен на долг рок, не само што може да ги револуционизира парите, туку и да го револуционизира начинот на кој размислуваме за управувањето на едно општество.”

Лоп дополнително објаснува дека може да се развие “само-суверено, анархо-капиталистичко општество” доколку услугите што моментално ги обезбедуваат централизирани трети страни – како што се владите – беа обезбедени од “софтверски агенти кои можат да започнат со замена на дел од владините функционалности” :

“Првиот чекор мислам дека е Биткоин, и ако тој е доволно успешен, тогаш можеме да почнеме да зборуваме за следниот чекор”.

Неодамна починатиот ко-основач на cypherpunk, Тимоти Меј, во својот “Crypto Anarchist Manifesto” опиша како користењето на крипто ќе овозможи создавање на систем во кој луѓето ќе можат директно да комуницираат, ослободени од влијанието на владите.

Меј ја критикуваше современата крипто-индустрија неодамна во октомври, велејќи дека “обидите да бидат ‘регулаторно-пријателски’, најверојатно, ќе ги уништи главните начини на употреба на криптовалути, кои НЕ се само “друга форма на PayPal или Visa”.

За време на интервјуто оваа недела, Лоп, исто така, изјави дека “едно од нештата во кое луѓето не инвестираат колку што треба е образованието”. Тој ги охрабри инвеститорите да “прават сопствени истражувања” и исто така тврди дека девелоперите “треба да ги образуваат корисниците во вистински софтвер и хардвер “, како што се крипто паричници.

Крипто берзата Coinbase, неодамна започна со програма која има за цел да ги едуцира корисниците за криптовалути, додека заработуваат крипто, наречена “Coinbase Earn”. По лансирањето, програмата е само со покана и се фокусира на токен 0x (ZRX) базиран на Ethereum.

Leave a comment