Биткоинскиот ‘Patient zero’ вели дека моменталната фаза на BTC е како ‘1992-ра за интернетот’

Биткоинскиот “Patient Zero” Венке Касарес, основачот на Биткоин (BTC) стартапот за дигитален wallet Xapo, изјави дека за основната криптовалута да стане успешна може да поминат години, во интервју за Bloomberg на 29-ти октомври.

Во интервју за ѐѐблоомберг, Касарес тврдеше дека BTC е “интелектуален експеримент”, и може да поминат неколку години пред да се покаже како успешен. “Може ќе успее, можеби нема да успее”, рече Касарес, истакнувајќи дека Биткоин е во рана фаза и дека “ние сме во еквивалент на 1992-ра година за интернетот”. Сепак, Касарес посочи дека веројатноста за успех е уште поголема од неуспех.

Касарес, роден во Аргентина, е наречен “Patient Zero” на Биткоин, кој служеше како катализатор за интересот на Силиконската Долина во криптовалути. Во 2014-та година, касарес го основа Xapo, компанија која нуди Биткоин wallet во комбинација со cold storage и дебитна картичка со Биткоин.

Касарес предвидува дека ќе бидат потребни најмалку седум години за да се утврди дали BTC ќе биде успешен, и ако тоа го направи, BTC ќе стане неполитички глобален стандард на вредност и спогодување. Касарес изјави:

“Потребен ни е неполитички стандард на вредност и ние немаме моментално таков. Значи, во светот во кој [на начинот на кој ние го гледаме] е свет [во кој] кога ќе ја побарате цената на Турската лира, добивате цена во битови, кога ќе побарате цена на барел нафта, добивате цена во битови, кога како за цената на Американскиот долар ќе добиете цена во битови.”

Биткоин адвокатот изјави дека нема да крипто нема да ги замени fiat валутите затоа што тоа “би немало смисла”. Тој додаде дека идејата за тоа дека блокчејн може “да ја смени идејата за средство, која веќе ја добива својата вредност од централната власт […], навистина е бесмислена и нема никаква поента”.

Касарес и претходно ја има нагласено својата визија за тоа BTC да стане аполитичен стандард на вредност. Минатата година Касарес предвиде дека цената на BTC “ќе достигне 1 милион долари за 5-10 години”.

 

Во врска со блокчејн, Касарес во јануари изјави дека на крајот ќе има еден единствен “огромен” блокчејн кој ќе ја помести глобалната вредност. Според Casares, иднината на криптото лежи во соработката околу еден единствен, стабилен блокчејн, и според него блокчејнот на BTC е најверојатно најдобриот избор за тоа.

Leave a comment