Биотехнолошки гигант прави планови за безбедно споделување на генетски податоци на блокчејн

Биотехнолошкиот гигант со седиште во Јужна Кореја, се свртува кон блокчејн за да може  да ги сподели генетските податоци без ризик од хакирање или кршење на приватноста на пациентите.

Macrog, снабдувач на услуги за секвенционирање на ДНК со седиште во Сеул, во понеделникот соопшти дека соработува со Big Data фирмата Bigster за развивање на блокчејн мрежа за дистрибуција на геномски информации, која треба да биде готова до јуни до 2019-та година.

Во областа на медицината, според соопштението, геномните податоци се користат за дијагностицирање и лекување на пациентите, додека фармацевтската индустрија може да ги користи за развој на нови лекови и терапевтски агенси.

Сепак, и покрај високата искористеност на ДНК податоци во рамките на здравствената заштита, тие не се широко споделени поради чувствителната природа на информациите за пациентите и ризикот од нарушување на приватноста.

Јанг Кап-сеок, извршен директор на Macrogen, даде свој коментар во соопштението:

“И покрај фактот дека геномните податоци се широко користени, тоа не беше лесно да се сподели поради проблемот со заштитата на личните информации. Со блокчејната платформа оја што овој пат сакаме да ја изградиме, очекуваме да создадеме екосистем кој слободно може да ги дистрибуира генетските податоци.”

За таа цел, фирмите планираат систем базиран на конзорциум блокчејн модел, кој ќе им дозволи на поканетите страни – како што се фармацевтските фирми, истражувачките институти, болниците и стартапите на генетски анализи – да работат како јазли на децентрализираната мрежа, ограничувајќи го кој може да пристапи до податоците

Macrogen не е единствениот технолошки гигант кој сака да ја примени блокчејн технологијата во рамките на генетската индустрија.

Уште во 2014-та година израелскиот стартап наречен DNA.Bits ги објави плановите за складирање на генетските и медицинските податоци користејќи блокчејн технологија.

И, како што претходно беше објавено, пријавата на патентот поднесена од Intel укажа на тоа дека хардверската фирма ги истражува начините да ја искористи енергијата генерирана за време на крипто-фармање за ДНА секвенците.

 

Leave a comment