Бил Милер од Вол Стрит: “Биткоин има потенцијал да биде вреден многу или да вреди нула”

Биткоин (BTC) има потенцијал да има висока вредност или да не вреди ништо, истакна инвеститорот од Вол Стрит, Бил Милер, за CNBC во интервјуто во понеделникот, 7-ми јануари.

Милер, основачот на компанијата за управување со инвестиции Miller Value Partners, разговараше со водителот на CNBC, Кели Еванс, за време на шоуто наречено “The Exchange”, нарекувајќи го Биткоин интересен технолошки експеримент и потсетувајќи на јасен патерн на високи падови секоја година.

На пример, најниската цена на монетата минатата година изнесуваше околу 3.200 долари, изјави тој. Меѓутоа, сега Биткоин повторно тргува со над 4.000 долари. Милер изјави:

“Биткоин има потенцијал да вреди многу и да биде вреден нула”.

Инвеститорот, исто така, спомна и друга тенденција, истакнувајќи дека Биткоин се спуштил речиси точно по 52 недели откако го достигнал својот врв во декември 2017-та година, додека вкупната берза не се спуштила после тоа уште три до четири недели.

Сепак, Милер истакна дека причината за која тој сака да го вклучи крипто во неговото портфолио е дека нема очигледна трајна корелација меѓу крипто пазарите, акциите и обврзниците: додека крипто може да се намали, традиционалните пазари можат да се покачат и обратно.

“Јас сум биткоин набљудувач, но јас не би се нарекол верник”, заклучи Милер.

Во декември 2017-та година, кога Биткоин го достигна својот рекорд од 20.000 долари, Милер тврдеше дека инвестирал скоро 50 отсто од парите од својот hedge фонд во оваа криптовалута. Почнувајќи од септември 2018-та година, Miller Value Partners задржува 2.89 милијарди американски долари во средства под управа.

Шест месеци подоцна, Милер изјави во интервјуто дека од 2014-та година држи скромен еден процент од сопствените средства во Биткоин.

Покрај тоа, Милер изјави дека “bubbles се неопходни за да се донесе капитал на пазарот за да се види дали овие иновации всушност ќе опстојат”, осврнувајќи се на стапката на Биткоин во март 2018-та година, кога монетата постепено се спушташе по историскиот врв.

Leave a comment