Берзата Binance додава поддршка за купување на криптовалути со кредитни картички

Водечка крипто берза Binance додава поддршка за купување на крипто со кредитна картичка преку нејзиното партнерство со платниот процесор Simplex, според соопштението за печатот споделено на 31-ви јануари.

Чанпонг Жао, извршен директор на Binance, изјави дека фирмата “сака да им обезбеди на клиентите брз и лесен пристап до крипто, на најсигурен начин”. Жао додаде дека клиентите на берзата можат да купат дигитални средства со кредитни картички и “да започнат со тргување за неколку минути.”

Жао продолжи со објаснувањето дека “крипто индустријата се уште е во рана фаза, а повеќето од парите во светот сѐ уште се fiat”, што според него, е причината зошто fiat порталите се важни за растот на екосистемот.Нимрод Лехави, коосновач и извршен директор на Simplex, изјави дека за мејнстрим корисниците лесното и брзо плаќање со кредитни картички се “клучен фактор за пошироко прифаќање на крипто општо”.

Според соопштението за медиумите, корисниците на Binance ќе можат да ги користат картичките Visa и MasterCard за купување на Биткоин (BTC), Ethereum (ETH), Litecoin (LTC) и Ripple (XRP).

Binance моментално е најголемата крипто берза во светот по дневниот обем на тргување, според CoinMarketCap. Во текот на изминатите 24 часа од прес време, берзата забележала околу 588 милиони долари во тргување.

Минатата година Cointelegraph, исто така, соработуваше со Simplex за да овозможи купување со кредитни картички на BTC, ETH и Bitcoin Cash (BCH).

Минатата недела Binance започна со свои сопствени over-the-counter (OTC) тргувачки desks за поголеми трансакции. Новата понуда, наречена Binance OTC, нуди услуги насочени кон корисници кои остваруваат тргувања во вредност од најмалку 20 BTC (околу 68.800 долари од прес време).

По хакерскиот напад на Ново Зеландската берза Cryptopia минатата недела, Жао објави дека Binance замрзна некои од токените испратени во својот паричник од наводниот хакер. Анализата од блокчејната инфраструктурна фирма Elementus наведува дека во неодамнешниот хакерски напад биле украдени околу 16 милиони долари во ЕТH и ЕRC20, плус наводно и дополнителни средства.

Leave a comment