Белгиската влада издаде предупредување за крипто-измами

Највисокиот финансиски регулатор во Белгија издаде ново предупредување за измамите од криптовалутите.

Управата за финансиски услуги и пазари (FSMA) изјави дека “криптовалутите се главниот хајп на годината” во соопштението објавено во понеделникот. FSMA е јавна институција која го надгледува Белгискиот финансиски сектор заедно со Националната банка на Белгија (NBB).

Регулаторот изјави во своето писмо дека потенцијалните инвеститори треба да се грижат за потенцијалните измамници кои ја поткопуваат идејата за големи профити преку крипто-продажба, што во крајна линија се покажа како фиктивно.

FSMA напиша:

“Измамниците се свесни за тоа и се обидуваат да ги привлечат клиентите преку интернет со лажни криптовалути и огромни профити. Единственото нешто што всушност го прават е да ги земат парите на клиентите и да исчезнат.Toлку е едноставно.”

Официјалните лица додадоа листа на 28 трговски платформи за кои потврдија дека вршат измами, а агенцијата соопшти дека го објавиле овој апдејт “базиран исклучиво на наодите од FSMA, особено како резултат на извештаите од потрошувачите.”

Во февруари, FSMA го издаде своето прво предупредување за крипто-измами, тврдејќи дека веб-сајтовите кои изгледаат сомнително “никогаш не ги враќаат вложените средства” и луѓето кои им веруваат “едноставно не слушнале ништо повеќе од компанијата во која ги инвестирале своите пари.”

Leave a comment