Банката на Америка открива нов блокчејн патент наменет за ракување со готовина

Банката на Америка (BoA) сака да го патентира систем користејќи блокчејн технологија за подобрување на управувањето со готовина, потврди новата апликација објавена на 25-ти декември.

Првично поднесена во јуни 2017-та година, патентот се однесува на “банкарски системи контролирани од записите со податоци”.

“Аспектите на објавувањето се однесуваат на распоредување, конфигурирање и користење на уреди за управување со готовина за да обезбедат динамични и приспособливи оперативни функции”, пишува во апликацијата.

BoA објаснува дека остануваат комуникациските тешкотии во аспектите на ракување со готовина во огромните операции на банките, и сугерира дека блокчејнот може да им помогне да ги олеснат.

“Уредите за управување со готовина може да се користат во оперативните центри и на други локации за да се обезбедат разни функции, како што се олеснување на повлекувањата на пари и депозитите”, продолжува патентниот документ.

Меѓутоа, во многу случаи, може да биде тешко да се интегрираат уредите за управување со готовина со техничка инфраструктура која ги поддржува банкарските и други операции, истовремено оптимизирајќи ги ефикасните и ефективните технички операции на уредите за управување со готовина и разните компјутерски системи.

BoA се обиде да ги интензивира своите напори за да ја зајакне интелектуалната сопственост во блокчејната сфера во текот на изминатите две години.

Во ноември, банката беше откриено дека има најмногу такви блокчејн патенти (повеќе од 50), и на општа љубопитност за тоа дали ќе ги употреби сите во блиска иднина.

Додека се заинтересирани за блокчејн, BoA го прифати ставот дека криптовалутите се со висок ризик, со што стана една од ретките институции што донесоа забрани за поврзани fiat купувања од страна на клиентите претходно оваа година.

Leave a comment