Апликацијата за паричник на Coinbase оваа недела добива Биткоин поддршка

Корисниците на Coinbase наскоро ќе можат директно да ги контролираат своите биткоин средства од апликацијата за паричник на фирмата.

Крипто берзата со седиште во Сан Франциско во средата објави вест дека Coinbase Wallet ќе биде надграден во текот на следната недела за да додаде биткоин поддршка за сите корисници на iOS и Android.

Биткоин поддршката ќе биде “активирана по дифолт”, изјавија од Coinbase, што значи дека корисниците едноставно ќе мора само да го допрат “receive” табот во апликацијата и да изберат “bitcoin” за да ја примат криптовалутата директно во паричникот.

Coinbase Wallet веќе поддржува ethereum (ETH), ethereum classic (ETH) и “над 100.000” различни ERC-20 токени и колекционерски предмети ERC-721 изградени на ethereum, објавиja од берзата, додавајќи дека исто така работат на додавање поддршка за bitcoin cash (BCH), litecoin (LTC) и други големи криптовалути за да го унапредат својот парични.

Coinbase објасни дека со главната апликација Coinbase или Coinbase.com, корисниците можат да купат криптовалути и самата берза ги складира клучевите централно. Но, со апликацијата Coinbase Wallet, корисниците ги чуваат сопствените приватни клучеви, кои се шифрираат со користење на Secure Enclave технологијата за подобра безбедност.

Апликацијата поддржува и SegWit и наследни биткоин адреси за компатибилност.

Coinbase продолжува да додава нови и проширени услуги. Само вчера, берзата објави дека нејзините клиенти во 32-те земји членки на ЕУ и Европската асоцијација за слободна трговија сега можат да направат повлекување од нивните PayPal сметки. Функцијата веќе некое време постои во САД.

Минатиот месец, Coinbase додаде поддршка за прекугранични жични трансфери за институционални клиенти во Азија, Велика Британија и во Европа. И тоа е интегрирано со платформа за поднесување даноци TurboTax, понудена од Intuit Consumer Tax Group, за да им помогне на клиентите во САД да поднесуваат даноци за нивните криптовалути.

Leave a comment