Анкета: Stablecoin на Facebook, Libra веројатно нема да стане мејнстрим

Неодамнешната анкета на фирмата за финансиски услуги Jefferies укажува на тоа дека американските корисници тешко дека ќе ја користат претстојната stablecoin на Facebook поради недостаток на доверба, објави The Block на 1-ви јули.

Во истражувањето, во кое беа опфатени над 600 испитаници, четири од пет лица, наводно, избрале “Малку е веројатно” или “Многу е малку веројатно” на прашањето дали ќе ја купат Libra. 45% од испитаниците ја објаснија својата неподготвеност да ја купат монетата поради недоверба во Facebook, освен ако компанијата нема пристап до нивните трансакциски податоци.

Речиси 40% од анкетираните, посочиле дека веќе имаат мобилен платежен паричник, што ја исклучува потребата да се користи Calibra, поврзаниот со дигитален паричник со Libra. “Без некои значителни мрежни ефекти, не очекуваме Libra да ги замени постојните форми на безготовински плаќања – барем не во блиска иднина”, се вели во извештајот.

Од оние испитаници кои изразија интерес за користење на Libra, 12%, наводно, изјавиле дека ќе ја трошат монетата за стоки или услуги, 14% за да испратат пари на своите пријатели и семејство, а 15% би ја трошеле Libra за двете опции.

Оваа недела, Рајан Валдок, автор на извештајот од платформата за истражување на капитал “Seeking Alpha”, објасни: “Верувам дека Libra ќе им овозможи на корисниците да бидат повеќе склони да го користат биткоинот како peer-to-peer платформа за плаќање, додека поради неизвесноста на глобалните пазари инвеститорите се осврнуваат кон биткоин како store of value.”

Тек Чиа, партнер во Binance Labs, изјави дека го гледа проектот Libra на Facebook како чекор напред за зголемување на јавната свест околу крипто. “Мислам дека да се има компанија како Facebook, со таква огромна доминација и дистрибуција, во сите различни земји во светот – заинтересирана за криптовалути и лансирање на една е многу позитивна работа за нашата индустрија”, изјави Чиа.

Leave a comment