Анкета: Millennial мажите со висока заработка се најзаинтересирани за крипто инвестирање

Неодамнешните истражувања на компанијата Clovr, фокусирана на блокчејн, откриле дека крипто инвестирањето е најпопуларно меѓу millennials кои заработуваат од 75.000 до 99.999 долари годишно. Истражувањето вклучува одговори од над 1.000 Американци на возраст меѓу 18 и 80 години.

Според анкетата, мажите се речиси двојно поверојатни како и секоја друга генерација да инвестираат во дигитални валути, со 43 проценти од мажите и 23 проценти од жените кои вложуваат во крипто. 47 отсто од лицата со годишен приход не помалку од 75.000 долари годишно инвестираат во дигитални средства, додека помалку од една четвртина од оние кои заработуваат под 25.000 долари велат дека можат да си дозволат значително да инвестираат во крипто.

Според податоците на Државниот завод за статистика на трудот, просечната неделна заработувачка во вториот квартал од 2018-та година за маж на возраст од 25-34 години изнесувала 857 долари или над 44.000 долари годишно.

Речиси 40 проценти од испитаниците го набројаа влијанието на врсниците како главна причина за инвестирање во крипто, а над 35 проценти, наводно, биле привлечени на крипто пазарот од страна на “Fear of Missing Out” (FOMO), страв дека пропуштаат нешто важно што се случува.

Истражувањето покажа солидно ниво на свесност за дигиталните валути кај учесниците, при што повеќе од 75 проценти од испитаниците тврдат дека “чувствуваат” дека знаат што е крипто, додека останатите 20 проценти претпоставуваат дека “oтприлика” знаат што се случува во полето на крипто .

Што се однесува до објаснувањето на другите што е крипто, 62 отсто од учесниците во истражувањето рекоа дека можат да водат дискусија за криптовaлути.

Кога беа запрашани за своето мислење за инвестирање во крипто, речиси 80 проценти од испитаниците одговориле дека сметаат дека инвестирање во крипто е позитивна форма на преземање на ризик. Студијата понатаму вели дека 1 од 3 сметаат дека крипто инвестирањето е иновативна опција во споредба со акции и обврзници.

Неодамнешните истражувања покажаа дека од сите генерации,  millennials покажуваат најголем интерес за крипто инвестирање. Истражувањето објавено во септември од страна на истражувачката служба YouGov Omnibus покажа дека половина од Американските millennials се заинтересирани за користење на криптовалути.

Друга анкета од страна на компанијата за крипто финансирање Circle покажа дека 25 отсто од millennials велат дека се заинтересирани за купување дигитални валути во текот на следните 12 месеци, што ги издвојува од другите генерации за повеќе од 10 проценти.

Leave a comment