Анкета: ‘Millennial’ жените се недоволно застапени во крипто-инвестирањето

Една нова студија на крипто-финансиската компанија Circle, објавена на 12-ти септември, покажува дека millennial жените инвестираат во криптовалути на само половина од стапката на мажи.

Истражувањето ги влучува одговорите од над 3.000 millennials, Gen Xers и Baby Boomers во САД, кои ги опфаќаа прашањата како што се инвестициите, проценката на поврзаните ризици и ставовите кон разните класи на средства во подем како крипто.

Според анкетата, 25% од millennials велат дека се заинтересирани за купување дигитални валути во текот на следните 12 месеци, што ги издвојува од другите генерации за повеќе од 10%. Од родова перспектива, 17% од мажите во трите генерации имаат планови да купат крипто, додека само 8% од жените ги делат истите планови.

Истражувањето покажа дека 71% од  millennials инвестираат помалку од 1.000 долари во дигитални валути, од кои 42% инвестираат под 500 и 29% инвестираат помеѓу 500 и 1000 долари. 29% од millennials инвестирале над 1.001 американски долари.

Што се однесува до ризикот поврзан со крипто-инвестициите, помладите инвеститори и мажи во текот на трите генерации се покажаа посмели, додека Baby Boomers имаат тенденција да бидат повнимателни. 42% од millennial мажите, наводно, се нарекувале “агресивни” инвеститори, во споредба со 27 од millennial жени, додека кај Gen Xers, 34% од мажите и 19% од жените го избрале истиот одговор.

Додека жените сé уште се недоволно застапени во крипто-просторот, истражувањата на пазарот од London Block Exchange претходно ова лето покажаа дека количината на жени кои размислуваат за крипто-инвестирање двојно се зголеми од почетокот на годината. Анкетата исто така покажа дека жените имаат 50% помала веројатност да страдаат од “FOMO” (fear of missing out – страв од пропуштање), и повеќе стратешки пристап кон инвестирањето.

Кон крајот на август, истражувачката служба YouGov Omnibus спроведе анкета поврзана со крипто меѓу millennials. Резултатите од студијата покажуваат дека 79% од Американците се свесни за барем една криптовалута. Millennials беа речиси подеднакво поделени помеѓу заинтересираните (48%) и незаинтересираните (50%) во криптовалути.

34% од испитаниците во истражувањето YouGov Omnibus не мислат дека крипто ќе стане широко прифатено, додека millennials покажаа најпозитивен пристап кон криптовалутите, при што 44% од нив предвидуваат пошироко нивно усвојување.

Leave a comment