Анкета: 93% од Британците имаат слушнато за биткоин, но само 4% го купиле

Најголемиот дел од Британците – 93 проценти – слушнале за Биткоин (BTC), но само 4 проценти тврдат дека го купиле, според неодамнешната анкета на Британската компанија за истражување на пазарот YouGov објавена на 7-ми ноември.

Според истражувањето, спроведено овој месец, девет од десетте Британци слушнале за Биткоин, меѓутоа, тие известуваат дека не го разбираат. Само 4 проценти од анкетираните тврдат дека многу добро го разбираат Биткоин, додека 23 проценти тврдат дека го разбираат “прилично добро”, кај мажите постои речиси три пати поголема веројатност од жените да го кажат тоа (33 проценти против 12 проценти). Кај помладите Британци преовладуваат оние кои тврдеа дека го разбираат Биткоин, се наведува во извештајот.

Во однос на реалните инвестиции во Биткоин, на прво место се и помладите граѓани. Еден од единаесет (9 проценти) од Британските 18 до 24 годишни го купиле Биткоин, во споредба со еден од сто (1 процент) за луѓе над 55 години. Сепак, во целост, само 4 проценти од испитаниците го купиле Биткоин, значително повеќе мажи – 6 проценти од мажите, во споредба со 1 процент од испитани жени.

Дополнително, значителен број на млади луѓе, 36 проценти од анкетираните во опсегот од 18 до 24 години, тврдат дека лично знаат некој кој купил биткоин претходно.

Германските центри за потрошувачи на две федерални држави, Хесен и Саксонија, неодамна спроведоа слична анкета. Од 1.000 Германци на возраст меѓу 18 и 39 години кои беа анкетирани, 55 проценти тврдат дека претходно чуле за криптовалути. Понатаму, 28 проценти од испитаниците од 18 до 29 години сметаат дека купувањето на криптовалути е “разумно”.

Leave a comment