Анкета: 68% од глобалните милионери веќе инвестирале или планираат да инвестираат во крипто до 2022-ра година

68% од глобалните поединци со висока нето вредност веќе инвестирале или планираат да инвестираат во крипто до крајот на 2022-ра година, според истражувањето на финансиската консултантска фирма deVere Group од Дубаи, објавено на 3-ти мај.

Групата DeVere има повеќе од 10 милијарди долари во средства под совет, со повеќе од 80.000 клиенти кои се наоѓаат во повеќе од 100 земји.

Повеќе од две третини од глобалните поединци, чија вредност на средства е еднаква или поголема од 1 милион британски фунти (GBP) или 1,3 милиони долари, ќе бидат инвестирани во криптовалути како што се биткоин (BTC), етер (ETH) и ripple (XRP) , се вели во извештајот.

Во новото истражување беа опфатени повеќе од 700 deVere клиенти како испитаници, кои се наоѓаат во главните глобални земји како што се САД, Велика Британија, Австралија, Јапонија, Катар, Швајцарија, Мексико, Хонг Конг, Шпанија, Франција, Германија, Јужна Африка и Обединети Арапски Емирати.

Основачот и извршниот директор на DeVere, Најџел Грин, наведе пет главни фактори кои ги потикнуваат глобалните богаташи да внимаваат на крипто, не вклучувајќи го и стравот од пропуштање или на кратко наречен FOMO. Според Грин, првата главна причина е тоа што криптовалутите се без граници, што му овозможува на средството да биде достапно насекаде низ целиот свет.

Другите фактори го вклучуваат фактот дека крипто одговара на општите глобални трендови на зголемување на дигитализацијата, способноста на крипто да обезбеди решенија за вистински животни проблеми, како што се меѓународните дознаки и обезбедување услуги за светското население од 2 милијарди лица без банкарска сметка, како и прифаќање од страна на помладата генерација и активно вклучување на институционалните инвеститори.

Грин понатаму изјави дека откако ќе се воспостави доверба, “небото е граница за криптовалутите”, заклучувајќи дека новата анкета покажала “оправдано меѓународно зголемување на криптооптимизмот”.

Истражувањето се случи во услови на неодамнешен голем bull потег на крипто пазарот, при што биткоин ја помина границата од 5,800 долари за прв пат во 2019-та година.

Вчера, американската компанија за управување со средства Fidelity Investments објави нова анкета со која се утврди дека 22% од институционалните инвеститори веќе поседуваат дигитални средства.

Leave a comment