Анкета: Усвојувањето на блокчејн во IoT индустријата повеќе од двојно во 2018-та

Усвојувањето на блокчејн во Internet of Things (IoT) индустријата повеќе од двојно се зголеми во текот на последните 12 месеци, покажа истражувањето спроведено од главната Холандска компанија за сајбер-сигурност, Gemalto, на 15-ти јануари.

Според истражувањето, фирмите во индустријата на IoT сé повеќе се потпираат кон блокчејн технологија, со усвојување на блокчејн повеќе од двојно од 9 на 19 проценти во изминатите 12 месеци.

Gemalto, наводно, анкетираше 950 IT и бизнис носители на одлуки на глобално ниво. Според податоците од истражувањето, 90 проценти од компаниите сметаат дека безбедноста на IoT уредот е значајно за корисниците, а 79 отсто бараат поцврсти безбедносни упатства издадени од владата.

Во извештајот се забележува дека – иако веројатно чекаат владите да интервенираат со регулативата – индустријата се свртува кон блокчејн како потенцијално решение. Речиси една четвртина (23 проценти) од испитаниците веруваат дека оваа технологија “би било идеално решение за обезбедување на IoT уредите”.

Понатаму, 91 процент од организациите кои во моментов не користат блокчејн технологија изјавија дека веројатно ќе ја разгледаат можноста за негово усвојување во иднина.

Џејсон Харт, главниот директор за технологија и заштита на податоците во Gemalto, изјави за истражувањето:

“Бизнисите јасно го чувствуваат притисокот за заштита на зголемениот обем на податоци што ги собираат и чуваат. Но, и покрај тоа што е позитивно, тие се обидуваат да се справат со тоa така што инвестираат во поголема безбедност, како што е блокчејн, им се потребни директни упатства за да се осигураат дека не се оставаат себеси изложени на секакви напади”.

Gemalto, според соопштението за медиумите, е светски лидер во дигиталната безбедност, кој работи во 180 земји и пријави 3 милијарди евра (околу 3,4 милијарди долари) во приходи во 2017-та година.

Leave a comment