Анкета: Мнозинството инвеститори планираат да купат повеќе дигитални валути во 2018-та година

Мнозинството акредитирани инвеститори на мало планираат да ги зголемат своите крипто-средства во текот на следните 12 месеци, според истражувањето објавено на 5-ти септември од инвестициската платформа SharesPost.

Во анкетата, која беше спроведена во јули, беа анкетирани 2.490 инвеститори на мало и 528 индивидуални акредитирани и институционални инвеститори.

Неодамнешната анкета покажува дека потрошувачите и инвеститорите остануваат оптимисти околу криптовалутите, и покрај намалувањето на криптовалутните проценки за 60% во 2018-та година. Најмалку 59% од инвеститорите и 72% од потрошувачите потврдуваат дека планираат да купат повеќе монети во следните 12 месеци. Покрај тоа, 57% од инвеститорите и 66% од потрошувачите очекуваат крипто-проценките да растат и следната година.

Испитаниците исто така беа замолени да ги рангираат криптовалутите по приоритет. Биткоин беше најпосакуван, по што следеа Ethereum, Ripple и Litecoin. Според анкетата, испитаниците откриле дека овие четири криптовалути имаат најмногу потенцијал за долгорочен успех.

Понатаму, учесниците сè повеќе изразија интерес за блокчејн технологијата. 32% од инвеститорите и 49% од потрошувачите велат дека нивните работодавци се заинтересирани за спроведување на блокчејн во блиска иднина.

И потрошувачите и инвеститорите сметаат дека успехот на блокчејн интеграцијата најмногу зависи од распространетоста на релевантните комерцијални апликации и соодветното образование за истата.

50% од испитаниците изјавиле дека нестабилноста на крипто-пазарот е нивна главна грижа, додека 37% сметаат дека нивната главна загриженост е безбедноста.

Анкетата спроведена од истражувачката служба YouGov Omnibus во август покажа дека половина од Американските millennials се заинтересирани за користење на криптовалути. Покрај тоа, најмалку 79% од Американците знаат да набројат барем една криптовалута.

Leave a comment