Анкета: Интересот за крипто како метод на плаќање е во пораст меѓу жителите на Москва

Пет проценти од жителите на Москва кои користат безготовински методи за плаќање се отворени за користење на криптовалути, според неодамна спроведеното истражување, објави Forbes Russia на 13-ти ноември.

Истрагата на пазарот за електронско плаќање во Москва беше спроведена од Руската платежна служба Yandex.Money и Одделот за информатичка технологија во Москва (ITD). Експертите, наводно, анкетирале 1.000 жители на Москва од различни возрасни категории преку телефонска анкета.

Експертите откриле дека кај оние жители кои користат безготовински форми на плаќање, еден процент исто така користи дигитална валута, додека 5 проценти изразија подготвеност да почнат да користат криптовалути за да платат за своите купувања.

Меѓу најчестите форми на безготовински плаќања, 96 отсто од испитаниците изјавиле дека користат банкарски картички, 40 отсто плаќаат преку мобилни банкарски апликации, 32 отсто користат интернет банкарство, додека 16 отсто рекле дека користат е-пари.

Иван Бутурлин, шеф на аналитичкиот оддел на ITD, наводно изјавил дека “34 отсто од жителите на Москва користат примарно безготовински методи за плаќање, при што 63 отсто вршат електронски трансакции најмалку еднаш дневно”.

Експертите скептично гледаат кон намерата на испитаниците да платат со криптовалути, што укажува на тоа дека луѓето едноставно претпоставуваат дека ваквите високо-технолошки процеси на плаќање ќе се случуваат тек по иднина.

На прашањето зошто се воздржуваат од користење на системи за безготовински плаќања, 40 отсто од испитаниците изразија загриженост за безбедноста, 22 отсто рекле дека не сакаат да платат дополнителни давачки за услуги, 11 отсто рекле дека не разбираат како да користат безготовински услуги за плаќање, додека 9 проценти одговориле дека не знаат воопшто кои се тие методи за безготовинско плаќање.

“Со цел безготовинските плаќања да навлезат во животот на поголем број граѓани, луѓето исто така треба да ја променат нивната перцепција за да сфатат дека ова е сигурен начин на плаќање”, изјави Иван Гласачев, извршен директор на Yandex.Money.

Од друга страна, 93 отсто од британските граѓани слушнале за Биткоин (BTC), но само 4 отсто тврдат дека го купиле, според една анкета направена во Велика Британија од компанија за истражување на пазарот YouGov.

Во меѓувреме, 55 отсто од анкетираните во неодамнешната германска анкета тврдат дека слушнале за криптовалути, додека 77 отсто од оние кои се свесни за дигитални валути признаваат дека нема да инвестираат во нив.

Leave a comment