Анкета: Генерацијата Z не планира да купува криптовалути

Генерацијата Z не планира да купува криптовалути, според резултатите од истражувањето спроведено од Business Insider објавено на 5-ти јули.

Според извештајот, партнерот на SurveyMonkey Audience, Cint, анкетирал 1.884 американски жители на возраст меѓу 13 и 21 година за да ги проучат мислењата на ‘Generation Z’. Учесниците во истражувањето беа прашани колку е веројатно дека ќе купат криптовалути во наредните шест месеци, а над 52% одговориле: “Не, воопшто.”

Освен тоа, само 5% одговориле “екстремно веројатно”, 6% “многу веројатно”, 15% “донекаде веројатно”, а 17% “не е толку веројатно”, додека 4% дале различни, неодредени одговори. Сепак, истражувањето беше спроведено во јануари, пред да се појави неодамнешниот подем на биткоин. Business Insider забележува:

“Повторно оживениот пазар може да предизвика некои од тинејџерите во анкетата да го преиспитаат своето мислење, а тоа може да ги поттикне оние 26% кои рекоа дека е малку веројатно, многу веројатно или екстремно веројатно да купат криптовалути конечно да се решат да го направат тоа”.

Како што неодамна известија крипто медиумите, едно неодамнешно истражување од сајбер-безбедносната фирма Kaspersky Lab на 17-ти јуни откри дека 19% од луѓето на глобално ниво купиле криптовалути.

На почетокот на мај, Американската компанија за управување со средства Fidelity Investments исто така објави резултати од истражување што покажува дека 22 отсто од институционалните инвеститори веќе поседуваат дигитални средства.

Leave a comment