Американските законодавци бараат од Facebook да запре со проектот Libra

Facebook-токенот Libra веќе се соочува со правна закана, а високи Американски законодавци бараат социјалната мрежа да престане “со истиот интензитет на работење” додека го истражуваат проектот – и да ја префрлат својата борба кон поголемата крипто индустрија.

Според официјалната изјава на Максин Вотерс, претседателка на Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом, и писмо до Волтерс од колега од комитетот и претставник Патрик Мекенри, се чини дека некои клучни Американски законодавци имаат сомнителен став кон Libra – и општо криптовалутите.

Социјалната мрежа вчера ја објави својата бела книга, но на политичарите им требаше само кратко време да одговорат.

Вотерс напишала:

“Со оглед на проблематичното минато на компанијата, јас барам Facebook да се согласи со мораториум за секое потег што го прави околу развивање на криптовалута додека Конгресот и регулаторите имаат можност да ги испитаат овие прашања и да преземат акција”.

Таа исто така додаде дека Facebook “постојано” покажувал “непочитување” околу приватност на корисничките податоци и дека “ги изложил Американците на злонамерни и лажни акаунти на измамници, вклучително и Руски разузнавачи и транснационални трговци”.

И во еден поширок удар насочен кон криптовалутите во целина, таа додаде:

“За крипто пазарот моментално нема јасна регулаторна рамка за да се обезбеди силна заштита за инвеститорите, потрошувачите и економијата. Регулаторите треба да го сфатат ова како повик за будење и да станат сериозни во врска со грижата за приватноста и националната безбедност, сајбер-безбедносните ризици и ризиците за тргување кои се поставени од криптовалутите.”

Во меѓувреме, Мек Хенри во своето писмо, чија копија беше објавена во твит на новинарот на  CNN, Брајан Фунг:

“Наша обврска како креатори на политиката да го разбереме проектот Libra. Ние треба да одиме подалеку од гласините и шпекулациите и да обезбедиме форум за да го процениме овој проект и неговиот потенцијално несекојдневен ефект врз глобалниот финансиски систем “.

Како што Биткоин и блокчејн адвокатот Кејтлин Лонг,  процени дури и пред официјалното известување за Libra, Facebook ќе се соочи со “регулаторна неизвесност” како резултат на неговото симболично лансирање на токенот, што ќе доведе до контрола за “многу застарени финансиски регулативи”. Сепак, програмата за регулаторно известување на Facebook ќе доведе до поширок јавен дијалог во САД, со фокус кон правилата за податоци и финансиска приватност, известување за средства кои се чуваат во странство и даночни прописи.

Во меѓувреме, како што е соопштено, не се само американските законодавци загрижени за проектот Libra. Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мар, изјави дека Libra не треба да се гледа како замена за традиционалните валути и ги повика земјите од Г7 да подготват извештај за проектот на Facebook за состанок во јули.

Исто така, гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни, кој се состана со основачот на Facebook, Марк Цукерберг претходно оваа година, изјави дека има “отворен ум” за потенцијалната корист од планираната криптовалута на Facebook, но предупреди дека може да се соочи со строга регулација ако биде лансирана, пријави Reuters.

Во исто време, Банката на Канада соопшти дека ќе ја прегледа “Белата книга на Libra многу внимателно”, објавија Kанадските медиуми.

Leave a comment