Азербејџан: Централната банка не планира да издаде сопствена криптовалута

Централната банка на Азербејџан (CBA) не планира да издаде криптовалута поддржана од државата поради “големите ризици”, објави Азербејџанскиот весник AzerNews на англиски јазик на 15-ти ноември.

Алим Гулиев, првиот претседател на CBA, нагласи дека со оглед на тоа што дигиталните валути “доаѓаат со големи ризици”, CBA нема намера да издаде дигитална валута (CBDC) од Централната банка во скоро време. Гулиев, кој го гледа ова финансиско средство како “ризично и опасно”, додаде дека смета дека перењето пари е главна цел на криптовалутите.

Израелска независна студиска група формирана од гувернерот на Банката на Израел дојде до сличен заклучок додека ги истражува можностите за издавање на CBDC, воопшто не препорачувајќи Централната банка на земјата да издаде свој токен, соопшти Cointelegraph на 7-ми ноември.

Ова лето, Банката на Финска објави студија со наслов “Големата илузија на криптовалутите”, нарекувајќи ги криптовалутите не вистински валути, туку наместо тоа “сметководствени системи за непостоечки средства”.

Претходно оваа есен во Азербејџан, претседателот на Азербејџанскиот Интернет Форум ги откри плановите на владата за имплементирање на блокчејн технологија и smart contracts во правниот систем на земјата и “во областа на претпријатијаta за јавни услуги (снабдување со вода, гас и електрична енергија)”.

Leave a comment