Австрискaта министерка за економија: “Не ни треба регулатива за блокчејн”

Австриската министерка за дигитални и економски прашања, Маргарет Шрамбок, изјави дека “не ни треба регулација за блокчејн”, објави Cointelegraph auf Deutsch на 2-ри април.

Шрамбок, која претходно беше главен извршен директор на големиот Австриски оператор за фиксни и мобилни мрежи A1 Telekom Austria, ги изнесе своите коментари за време на една дискусија на панелот ANON Blockchain Summit, посветен на “Улогата на владата во ерата на блокчејн”.

Говорејќи за развојот на соодветни регулативи кон блокчејн, министерката изјави дека “Европа има силна тенденција за прекумерно регулирање […]. И тогаш сме изненадени што во првите десет компании во светот ги нема европските”.

Иако Шрамбок се залагаше за регулирање на криптовалутите, таа рече дека “не ни е потребна регулација за блокчејн”. Во јуни минатата година, директорите на Одборот на Австриската управа за финансиски пазари, Клаус Кумпфмулер и Хелмут Етл, исто така, нудеа предлози за построги прописи за криптовалутите и ICOs.

Шрамбок изјави дека технологијата е од значителен интерес на државно ниво, но прво е потребно да се “гради доверба во технологијата и вештините”, пред тие нови технологии да можат да се применат во критичните јавни процеси како гласањето. Шрамбок, наводно, има за цел активно да ја користи блокчејн технологијата во различни области на јавната администрација.

Австрија покажа проактивен пристап во поглед на блокчејн истражувањето и примена. Во декември минатата година, COMET Centers, кои ги координира Австриската агенција за промоција на истражувања, го одобрија Австрискиот блокчејн центар во Виена. Центарот ќе биде мултидисциплинарен и ќе се фокусира на Интернет на нештата, финансиите, енергијата, логистиката и намените во јавната администрација.

Во ноември минатата година, владата на Австрија ја поддржа Британската компанија за истражување на рак, Lancor Scientific, која ја користи блокчејн технологијата за откривање на болеста.

Leave a comment