Австрискиот главен град Виена, развива токен како награда за граѓаните

Главниот град на Австрија, Виена, во моментов развива блокчејн токен како дел од програмата за стимулирање, објави Trending Topics во понеделникот, 28-ми јануари.

Монетата, наводно наречена Виенски токен и првично објавена во декември 2018-та година, ќе ја развиваат заедно со Виенскиот универзитет за економија и бизнис.

Шермин Вошмгир, шефица на истражувачкиот институт за криптоекономија од Виена, истакна дека токенот може да се даде за возврат за давање повратни информации за градот, во апликација дизајнирана за плаќање паркинг во градот или за наградување на граѓаните за возење велосипеди. Токените може подоцна да бидат разменети за нешто вредно, како што се театарските билети, додаде таа.

Во изјавата за Trending Topics, Вошмгир изјави дека програмата за поттик не е единствениот начин на спроведување на токените, и дека некои случаи за употреба во Виена беа развиени минатата есен. Таа забележа:

“Ние сме во многу рана фаза на дизајнирање во која размислуваме заедно со градот Виена како би изгледал ваков токен за градот. Се работи за разбирање како можеме да генерираме токен кој додава вредност за градот.”

Покрај тоа, таа верува дека токените би можеле да бидат “убиствена намена” на блокчејн што ќе обезбеди сосема нови бизнис модели во следните десет години.

Вошмгир ги спомена и проектите за блокчејн уметност и недвижнини, тврдејќи дека фракционата сопственост е корисен начин за спроведување на технологијата.

Во декември 2018-та година, во Виена е основан Австрискиот блокчејн центар. Мултидисциплинарниот истражувачки центар планира да се фокусира на Internet of Things (IoT), финансиите, енергијата, логистиката и намените во јавната администрација.

Leave a comment