Австриската влада го поддржува блокчејн истражувањето против рак

Владата на Австрија ја поддржува Британската истражна компанија за рак  која користи блокчејн за откривање на болеста. Поддршката на владата доаѓа како дел од нејзината желба за промовирање на технологијата, се вели во соопштението за медиумите објавено на 10-ти ноември.

Lancor Scientific, кој има развиено уред за откривање на повеќе типови на рак и снимање на резултати со smart contracts на блокчејн, планира да отвори истражувачка лабораторија во градот Грац.

Како и Lymph Node Assistant на Google, алатката за скрининг на ракот, објавена во октомври, користејќи вештачка интелигенција (AI), понудата на Lancor Scientific цели за 90 проценти точност.

Lancor Scientific дополнително ќе работи со локалните универзитети, вклучувајќи го Техничкиот универзитет во Грац, Медицинскиот универзитет во Грац и Универзитетот Sigmund Freud во Виена на меѓународни истражувачки проекти.

Коментирајќи за тестирањето на имплементацијата на блокчејн во Австриската влада, Австриската министерка за надворешни работи, Маргарет Шрамбок, го истакна блокчејн како област од значителен интерес на државно ниво.

“Блокчејн дефинитивно е една од новите важни технологии”, рече таа, додавајќи:

“Покрај вештачката интелигенција и Speech Recognition, тоа е едно од главните прашања што сакаме да ги нагласиме во наредниот период на претседателството на ЕУ”.

Во соопштението се вели дека Австриската влада ќе им даде грантови на Lancor Scientific во период од пет години за изградба на објекти, “истражувачка опрема, пристап до академска експертиза и управување со клинички испитувања”.

Австрија традиционално се обидува да ги поттикне идните блокчејн и крипто иновации, останувајќи отворена за експериментирање во законодавството.

Главниот град Виена пробува различни обиди да ја прошири јавната свест за овој феномен, вклучувајќи ја и “крипто банка” во 2017-та година.

Претходно овој месец,  со промената во ставот за Биткоин (BTC) во соседната Германија, се постави првиот Биткоин банкомат во Минхен.

Во меѓувреме, во септември, владата издаде 1,35 милијарди долари во обврзници на блокчејнот на Еthereum (ЕТH).

Leave a comment