Австралиja планира блокчејн апгрејд за имотни трансакции

Како дел од планот за ставање на сите имотни трансакции во дигиталната сфера, одделот на владата на Нов Јужен Велс (NSW) во Австралија се свртува кон блокчејн технологијата.

Со оглед на тоа што државата наредила дигитализација на сите имотни трансакции од 1 јули 2019-та година, NSW Land Registry Services – оператор на одредување на земјиште и регистрирачки операции во државата – започнува proof-of-concept (PoC) за да се оцени дали блокчејн е најдобриот начин, според локалниот весник CIO.

Од технолошка гледна страна, агенцијата соработува со ChromaWay со седиште во Шведска, за да го спроведе PoC на својата блокчејна платформа, со завршување на истото на почеток од 2019-та година.

Во моментов, во извештајот се наведува, сите земјишни трансакции се евидентираат рачно и се запишуваат во јавни регистри. Откако ќе заврши процесот на дигитализација, тоа повеќе нема да биде така и хартиените договори веќе нема да важат.

На крајот на краиштата, ако PoC се докаже дека е успешно, сите податоци за недвижнини во NSW може да завршат во регистар изграден со технологијата со отворен код на ChromaWay, иако за таквото префрлување во Land Registry Services прво треба да биде одобрено со регулатива.

Искажувајќи го потенцијалот на блокчејн да ги замени хартиените процеси, ChromaWay изјавија во статијата дека, користејќи блокчејни системи, информациите остануваат “безбедни и непроменливи, додека истовремено се достапни и можат да се пребаруваат”.

Во стартапот исто така се наведува:

“Ќе обезбеди поцелосен и сеопфатен поглед на правата за земјиште, ограничувањата и одговорностите околу истото, со што ќе ги насочи владините одлуки  и тие вклучени во секторот за недвижнини, ќе се обезбеди зголемена транспарентност на информациите и ќе се намали дуплирањето на податоците”.

Владата на Нов Јужен Велс во моментов гледа во случаи на друга употреба за блокчејн. Минатиот месец, таа објави програма за дигитализација за сопствениците на возачки дозволи во државата, која се очекува да започне во 2019-та година. Блокчејнот ќе ја поддржи иницијативата, обезбедувајќи податоци по дистрибуирана мода.

ChromaWay, исто така, е вклучен во голем број други значајни проекти, кои имаат обезбедено технологија и помош за Шведскиот орган за регистрација на имоти во сличен пробен тест. Индиската држава Андхра Прадеш, исто така, соработува со фирмата во пробен тест за регистрирање на земјште, објавен во октомври 2017-та година.

Leave a comment