Австралиската државна влада инвестира во крипто-стартап за промовирање на регионалниот туризам

Државната власт на Австралиската провинција Квинсленд ќе издаде грант за рипто-стартап, како дел финансирањето за иновации од 8,3 милиони долари, според официјалното соопштение објавено на 1-ви август.

Според изјавата на владата, платформата за дигитални плаќања на TravelbyBit од туристичката индустрија е една од 70-те компании кои ќе добијат финансирање на Advance Queensland Ignite Ideas, кое ги поддржува претприемачите во Квинсленд во развојот на нивниот бизнис.

Целта на компанијата ќе биде да го зголеми бројот на туристи во Централен Квинсленд преку продажба на туристички понуди со криптовалути и создавање нови работни места. Министерот за иновации Кејт Џонс изјави:

“TravelbyBit измисли паметен начин за да им олесни на посетителите на нашата држава да платат за нивните купувања со се поголем број локални бизниси кои прифаќаат криптовалутни плаќања … Разбирам дека TravelbyBit е специјално таргетира места како Бундаберг (по Големиот корален гребен) – користејќи криптовалути за да им олесни на туристите да резервираат за своите одмори.”

Коосновачот и извршен директор на TravelBit, Калеб Јео рече дека компанијата соработува со Brisbane Airport Corporation за да го започне “првиот аеродром во светот за дигитални валути” и веќе има имплементирано блокчејн систем за продавање во регионалните туристички градови. Според јео, патниците можат да платат со биткоин (BTC), Litecoin, Dash, Ethereum, XEM и наскоро BNB. Јео изјави:

“Имаме повеќе од 150 трговци низ Австралија кои го користат нашиот систем и овој начин на финансирање, за развивање наменска платформа која ќе прифати дигитални валути од било каде во светот, ќе ни овозможи да додаваме работни места не само директно на нашиот тим, туку и преку пошироката туристичка индустрија.”

Австралија не е првата земја што ги интегрира дигиталните валути во туристичкиот сектор. Претходно оваа пролет, Германскиот Национален Туристичка Одбор (GNTB) објави дека почнал да ги прифаќа биткоин и другите криптовалути како форма на плаќање за своите услуги.

Во јуни 2014-та година, IrishCoin беше лансиран за зајакнување на туристичкиот сектор во Ирска. Целта беше да се промовира туризмот преку оваа монета како како ваучер за попусти на баровите, рестораните, хотелите и туристичките атракции.Од тогаш, IrishCoin тргува на 0,0065 долари со пазарна капитализација од 231,648 долари или 30 биткоини (BTC).

Leave a comment